Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рајан Рејнолдс за Блејк Лајвли: Среќен сум што ја имам до мене за да не полудам

Рајан Рејнолдс за Блејк Лајвли: Среќен сум што ја имам до мене за да не полудам

Рајан Рејнолдс е заводникот од јануарското издание на „Variety“. 40-годишниот холивудски шармер сними фотосесија за познатото списание, а во интервјуто призна дека страда од анксиозност и зборуваше за сопругата Блејк Лајвли.

Рајан Рејнолдс

„Имам три постари браќа. Нашиот татко беше строг. Не се однесуваше меко кон никого. Беше строг и кон себеси. Сметам дека така се појави анксиозноста, додека се обидував да ги контролирам другите преку обидот да се контролирам себеси. Во тоа време не го препознав тоа. Јас бев нервозно дете“ – рекол Рајан.

Рејнолдс признал и дека Блејк секогаш го смирувала, особено пред премиерата на „Deadpool“. „Луѓето полудеа. Очекувањата ме јадеа жив. Блејк ми помогна да се справам со тоа. Среќник сум што ја имам до мене за да не полудам“ – изјавил познатиот актер, кој неодамна доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.

Рајан Рејнолдс Рајан Рејнолдс

Рајан и Блејк стапија во брак во септември 2012 година и заедно имаат две ќеркички.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.