Ријана ококори многу очи кога со задоцнување пристигна на ревијата на Диор во Париз.
Славната пејачка, која е бремена со првото дете, се појави во провокативна долна облека и кожено палто од предесенската колекција на Диор.
Додека многумина го оценија нејзиниот изглед како смел, не се малку и оние кои ја критикуваат.



Откако објави дека е бремена, 34-годишната музичка ѕвезда ретко го сокрива стомачето и вели дека експериментира со посекси креации.
„Моментално сум насочена кон идејата за секси. Кога жените ќе останат бремени, општеството им наметнува како да треба да се кријат, да го скријат сексапилот и им вели сега не сте секси, но ќе се вратите повторно. Јас не верувам во тоа. Сега испробувам облека која немав самодоверба да ја носам пред да останам бремена. Колку помала и повеќе отсечоци, толку подобро за мене“ – изјави таа.




