Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Природни лица и без Фотошоп: Славни актерки од сите возрасти во календарот на Pirelli

Природни лица и без Фотошоп: Славни актерки од сите возрасти во календарот на Pirelli

Години наназад календарот на Pirelli се асоцираше со голотија и слаби млади модели во провокативни пози. Промената во концептот е очигледна во последните години.

Календарот за 2017 година прикажува славни актерки во природни изданија. За календарот „Emotional“, дами од секоја возраст позираа речиси без шминка и гламурозна фризура, а финалните фотографии не беа ретуширани.

Pirelli

„Влегов без шминка и со водена коса, а тој рече: Тоа е совршено“ – изјави Џулиен Мур за фотосесијата со Линдберг.

Pirelli

Реномираниот фотограф Петер Линдберг ги фотографираше ѕвездите на пет локации.

„Убавина која зборува за индивидуалноста, смелоста да бидеш себеси и твојата лична сензибилност. Тоа е мојата дефиниција за жената денес“ – вели германскиот фотограф и истакнува дека не сака да покаже издолжена и манипулирана верзија на жените каква што ни се сервира секојдневно во медиумите.

„Како артист, чувствувам дека имам одговорност да ги ослободам жените од идејата за вечна младост и совршенство. Невозможно е да се достигне идеалот кој општеството го има за совршенството“ – додава Линдберг.

Кејт Винслет, Пенелопе Круз, Ума Турман, Никол Кидман, Алисија Викандер, Џулиен Мур, Робин Рајт, Хелен Мирен, Руни Мара, Џесика Частеин, Лупита Нионго, Леа Сејду, Шарлота Рамплинг, Џанг Цији и руската професорка Анастасија Игнатова се лицата од календарот.

Pirelli Pirelli Pirelli Pirelli

Фотографии од зад сцената:

Pirelli Pirelli Pirelli Pirelli Pirelli

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.