Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Принцезата Леа“: Кери Фишер постхумно доби ѕвезда на холивудската Патека на славните

„Принцезата Леа“: Кери Фишер постхумно доби ѕвезда на холивудската Патека на славните

Кери Фишер постхумно беше почестена со ѕвезда на холивудската Патека на славните.

Церемонијата за славната актерка, која ја глумеше принцезата Леа, беше организирана на 4 мај – денот на „Star Wars“ и помина во знакот на популарната франшиза на Џорџ Лукас.

Нејзината ќерка, Били Лурд, носеше фустан со ликот на принцезата Леа, а присутен беше и нејзиниот колега Марк Хамил, кој го глумеше Лук Скајвокер.

Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд

На црвениот тепих пристигнаа и роботите C-3PO и R2-D2.

Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд

Били одржа говор во кој изјави дека е горда што е ќерка на Кери и е среќна што нејзините деца ќе можат да ја запознаат баба им преку принцезата Леа.

„Среќна сум што иако нема да ја запознаат мајка ми, ќе запознаат дел од неа преку Леа. И јас ќе можам да им кажам дека таа мала дама на ТВ е мојата мајка, нивната баба“ – изјави таа.

„Но, мојата мајка не е само принцезата Леа. Таа е Кери Фишер. Неверојатна актерка која внесуваше духовитост и сила во секој лик што го глумеше. Мајка ми беше сјајна“ – дополнила таа.

Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд

Кери почина на 60-годишна возраст во 2016 година. Причината за смртта беше срцев удар.

Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд Ѕвезда за Кери Фишер во Холивуд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.