Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Принцезата Дијана прашала свештеник дали е дозволено да се омажи в црква со Доди Фајед непосредно пред смртта

Принцезата Дијана прашала свештеник дали е дозволено да се омажи в црква со Доди Фајед непосредно пред смртта

На крајот на месецов се одбележуваат 20 години од смртта на принцезата Дијана, па непрекинато излегуваат нови и нови информации за нејзиниот драматичен живот.

Британските медиуми стигнаа до информација дека „кралицата на срцата“ планирала да се омажи со нејзиниот љубовник Доди ал Фајед по нејзиниот развод со принцот Чарлс.

Дијана и Доди

Кратко време пред смртта, Дијана прашала свештеник дали е можно да се омажи во црква со Доди, кој беше муслиман. „Таа сакаше да знае дали е возможно да стапат во брак две лица од различни религии. Ѝ реков дека е возможно. Додека разговаравме, заѕвони нејзиниот телефон. Очигледно беше Доди. Очите ѝ светнаа. Додека заминуваше, ме праша дали јас би можел да ја предводам церемонијата кога таа ќе се мажи. Нејзината љубов беше очигледна. Сигурен сум дека ако Дијана и Доди не загинеа, ќе беа во брак“ - изјавил свештеникот Френк Џели.

свештеникот Френк ЏелиСвештеникот Френк Џели

Дијана и Доди ја започнаа врската во јули 1997 година. Во текот на август истата година беа на одмор на јахта на француската и италијанската ривиера. На враќањето во Лондон, тие го посетија и Париз, каде загинаа во сообраќајна несреќа.

Дијана и Доди Дијана и Доди

Нивниот автомобил беше следен од папараците и се смета дека тоа беше еден од факторите кои придонесоа за фаталната несреќа. Истрагата покажа дека шоферот бил под дејство на алкохол, а ниту Дијана, ниту Доди не биле врзани со сигурносен појас.

Неколку дена пред смртта, Дијана му се јавила на свештеникот за да му каже дека има „среќни вести“. Поранешниот портпарол на Доди тврдеше дека парот се верил пред смртта, но тоа никогаш не беше потврдено пред јавноста.

Таткото на Фајед тврдеше дека парот бил убиен. Тоа поттикна многу теории за несреќата која го потресе светот.

Дијана и Доди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.