Речиси пет месеци по загубата на синот Џек во 20-тата недела од бременоста, Криси Тиген минува низ нов циклус на ин витро оплодување.
36-годишната Американка, која има две деца со пејачот Џон Леџенд, ја сподели веста на Instagram. Криси ги замоли луѓето да престанат да ја прашуваат дали е бремена, бидејќи тоа е многу тешко за слушање во овој чувствителен период за неа.

Здраво, сакав да ви кажам дека сум сред уште еден ин витро циклус за да зачувам колку што е можно повеќе јајце-клетки, со надеж дека ќе се создадат неколку силни, здрави ембриони. Да бидам искрена, не ми пречат инјекциите... Прават да се чувствувам како доктор/хемичар... Но, подуеноста е лоша, па смирено ве замолувам да престанете да прашувате дали сум бремена. Иако знам дека е кажано од возбуда, со добри намери, мене ми е тешко да го слушам, бидејќи сум спротивно од бремена! Престанете и да ги прашувате луѓето, кого било, дали се бремени.
Викендов, Криси беше фотографирана на плажа со синчето.



Криси и Џон се родители на 5-годишната Луна и 3-годишниот Мајлс.


На 1 октомври минатата година, популарниот модел сподели трогателни фотографии од болница и објави дека го изгуби третото дете на половина од бременоста.