Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Преспав“, „Дајте музика“, „Корона чао“, „Тафталиџе шафл“... Еве кој сè освои Златна Бубамара

„Преспав“, „Дајте музика“, „Корона чао“, „Тафталиџе шафл“... Еве кој сè освои Златна Бубамара

Вонредно, пандемско и носталгично... 24-тото издание на „Златна Бубамара“ помина без публика, со пораки и песни испратени од дистанца и со присетување на минати добри времиња кога не се боревме со невидлив непријател.

Златна Бубамара

Манифестацијата беше посветена на здравствените работници, хероите на денешницата, кои неуморно стојат во првите редови на едногодишната битка со коронавирусот.

Златна Бубамара

Иако годинешното издание со мотото „И ова ќе го преживееме“ беше поразлично од претходните, сепак како константа остана доделувањето на статуетките. Дел од наградите годинава беа во знакот на короната, па така за првпат, а да се надеваме и за последен, беа избрани Пандемски хит, Карантиснки концерт итн.

Талентирани ѕвезди меѓу кои Влатко Стефановски, Калиопи, Игор Џамбазов, Андријана Јаневска, Тамара Тодевска и Влатко Лозаноски виртуелно го отпеаја хитот „Чукни во дрво“ пред да започне доделувањето на „златните бубамари“.

Еве во чии раце завршија наградите:

Албум на годината: „Тафталиџе шафл“ на Влатко Стефановски

Песна на годината: „Ето пјесма“ на Раде Шербеџија

Трајни музички вредности: Рамадан Шукри

Пандемски хит: „Корона чао“ на Александар и Дац

Златна Бубамара Златна Бубамара

Најоптимистички пандемски хит: „Ово че прочи“ на Hladno pivo и пријателите

Карантински концерт на годината: „За црвена зона“ на Бајага и Инструктори

Пандемиски рок хит: „Корона хит позитиван“ на Zabranjeno pušenje и Елвис Џ. Куртовиќ

Најпопуларна детска ТВ емисија: Дајте музика

Златна Бубамара

Најпопуларна детска анимирана серија: Светот на Биби

Најпопуларен ТВ проект: „Преспав“

Најпопуларна едукативна програма: „5+ Фамилија“ за ТВ училница

Трајни вредности за хумор, сатира и глума: Драгољуб Мичко Љубичиќ

Спортски коментатор: Тони Стојановски

Спортски народни херои: Фудбалската репрезентација на Македонија

Најпопуларен музички продуцент: Мите Димовски

Музичко карантин шоу: Дубиоза Колектив

Најхумористична ТВ емисија: Зевзекманија

Кавер албум: „Незаборавни“ на Биба Додева

Игор Џамбазов им оддаде почит на колегите кои во изминатата година заминаа од овој свет, но кои ќе остават силен белег, а организаторите нè потсетија на делото на Зафир Хаџиманов.

Златна Бубамара

„Во последните 12 месеци, нè напуштија засекогаш некои драги бубамарџии, луѓе што учествуваа во Бубамара, што беа номинирани, што добиваа награди, што ја развеселуваа публиката. Ќе започнам со тетка Бранка Станковска. Еден и единствен глас, препознатлив за тие од мојата генерација и малку повозрасни. Идол на многу новинари, презентери, телевизиски луѓе. Збогум, тетка Бранка. Ќе го паметиме засекогаш твоето ‘На следниот тон ќе означиме толку и толку часот’.“

Зоран Зоки Џорлев, нашиот македонски Паганини. Човекот што можеше да отсвири брилијантно апсолутно сè, од бечките валцери до песните на Тоше Проески и Земјо Македонска. Почивај во мир, пријателе.“

Нè напушти и еден ултра талентиран музичар, кој се занимаваше со многу други работи исто како и јас, а напиша незаборавни хитови. Се вика Драган Вучиќ. Збогум, пријателе.“

„Балканот е во тага сè уште. Си замина еден од омилените ликови. Човекот што лично мене ме натера да пишува стихови. Човекот што ме научи како да си играм со зборовите. Нè напушти Џока Балашевиќ.“

Во својот говор по примањето на наградата, Влатко Стефановски рече: „Живееме прилично тежок и неизвесен период. Не само ние, целото човештво. Не сакам да ѝ го спомнам името на оваа пандемија меѓутоа сите се најдовме во една многу тешка ситуација. Голем респект и поддршка за сите медицински лица кои се во првите борбени редови, борејќи се со овој невидлив и непознат досега непријател. Во исто време сакам да ја поздравам мојата фела, музичарите и уметниците кои веќе година и подолго време се без работа, со надеж дека оваа пролет и ова лето ќе донесат малку поведро расположение, повеќе оптимизам и дека колку-толку светот ќе се врати во нормала.“

Златна Бубамара

Откако беше доделена наградата Најдобар ТВ проект за „Преспав“, актерката Јелена Јованова го искористи моментот за да алармира за кризната состојба во која се наоѓа Преспанското Езеро.

„Овој момент би го искористиле да го свртиме вниманието и да алармираме за еден проблем. На крајот на минатата година, Преспанското Езеро го имаше надминато апсолутниот минимум за 50 сантиметри. Ефектите на климатските промени во иднина ќе бидат многу повеќе видливи во нашата земја, особено на водните и влажните живеалишта. Одговорноста секако дека мора да ја бараме во сите од нас. Затоа, да размислуваме секојдневно за нашите активности и да бидеме свесни дека ниту една акција не поминува без реакција. Односно, порано или подоцна, нашето неодговорно однесување ќе го платиме со висока цена, а тоа е укинување на цели уникатни еко-системи кои пред нас во Преспанското Езеро опстојувале илјадници години. Затоа, да си ги спасиме езерата, другари. Да спасиме живот“ – порача Јелена.

Златна Бубамара

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.