Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвездите од „Тин камп“ добија награда за Најдобра тинејџерска серија на „Златна бубамара“

Ѕвездите од „Тин камп“ добија награда за Најдобра тинејџерска серија на „Златна бубамара“

Тинејџерскиот хит „Тин камп“ се закити со награда на 26-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“ кое синоќа се одржа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Дел од ѕвездите во ТВ серијата која ги освои тинејџерите ја придружуваа продуцентката Цаци Паковска на сцената и заедно ја подигнаа статуетката за Најдобра тинејџерска серија.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Во име на целата екипа, Паковска одржа краток говор.

Златна бубамара на популарноста

„Благодарам Ранко и Радио Бубамара за оваа награда. Во последните 26 години докажавте дека сте единствената институција која ја вреднува и цени работата на сите уметници и креативци во Македонија. Голема благодарност до нашиот ко-продуцент МРТВ, до целата екипа на ‘Тин Камп’, а секако и до овие деца актери коишто се херои на новата генерација. Оваа награда само ќе нè поттикне да работиме да ги надминеме нашите креативни граници, да направиме уште подобра серија за нашите гледачи. Животот е навистина убав, верувајте во себе, затоа што во сè може да успеете. Само идејата е важна“ – истакна Цаци.

Златна бубамара на популарноста

Овогодишното издание на манифестацијата се одржа под мотото „Да штедиме, и да не се штедиме“.

Фотографии: Александар Буневски и Кристина Нановиќ / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.