Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Премиера на патописниот филм „Move On” ексклузивно на МaxTV

Премиера на патописниот филм „Move On” ексклузивно на МaxTV

Од денес, за сите корисници на MaxTV ќе започне прикажувањето на патописниот филм „Move On“, кој се снимаше во осум земји низ Европа. Снимањето на филмот започна во Холандија, па продолжи преку Австрија во Словачка, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и заврши во Македонија.

Премиера на „Move On“

Во Македонија филмската екипа се задржа два дена. Дел од екипата беа и десетина македонски корисници на Т-Home и T-Mobile брендот. Меѓу одбраните, присуствуваше и македонската претставничка Наташа Ташева која си замина со незаборавни впечатоци. Се снимаше на неколку различни локации во Националниот парк Маврово, на вештачкото езеро Глобочица и недопрената природа на селото Ничпур и неговата околина. За време на снимањето во Македонија, режисерот Асгер Лет, изјави дека за прв пат гледа ваква фасцинантна природа и пејсажи, па токму и поради тоа изборот паднал на Маврово.

Премиера на „Move On“ Премиера на „Move On“

Она што беше специфично за овој уникатен филмски проект е што корисниците на T-Mobile и T-Home можеа да влијаат на различни елементи во креирањето на филмскиот продукт. Илјадници обожаватели ги доставија своите апликации во форма на слики или музички нумери овозможувајќи му на креативниот тим уникатни ресурси и можност да се создаде филм со пан-европски сензибилитет.

Светската премиера на филмот се случи во Берлин на 6-ти ноември во присуство на целата филмска екипа, режисерот Асгер Лет, холивудската ѕвезда Мадс Микелсен, како и Александра Мариа Лара и Габриела Марчинкова. Почесни гости на премиерата беа и дел од Македонските корисници, кои истовремено беа и актери во филмот.

Премиера на „Move On“ Премиера на „Move On“ Премиера на „Move On“

„Move on“ е првиот интерактивен филмски проект кој се реализираше благодарение на соработката со Дојче Телеком како еден од најголемите провајдери на производи и услуги за мобилен интернет во Европа. Со снимањето на овој проект секоја од осумте држави каде е присутен Т брендот, заедно со корисниците станаа дел од една неповторлива авантура, што е дел и од бренд филозофијата на Дојче Телеком групацијата „Сподели доживувања“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11180 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.