Почетна » Новости » Занимливости » Корисници на T-Home и T-Mobile ќе бидат дел од холивудски филм

Корисници на T-Home и T-Mobile ќе бидат дел од холивудски филм

Корисниците на T-Home и T-Mobile ќе бидат дел од снимањето на холивудски патеписен филм „Move on“ (Продолжи). Ова неверојатно искуство за македонските граѓани е резултат на соработката на Дојче Телеком со холивудскиот режисер Асгер Лет со цел да го креираат „Move on“, првиот интерактивен патеписен игран филм.

Главната улога му е доверена на Мадс Микелсен, ѕвездата од филмовите „Казино Ројал“, „Тројца мускетари“, „Чудовишта наспроти Вонземјани“ и „Судирот на титаните“.

За прв пат во филмската историја, корисници од 11 европски земји членки на Дојче Телеком Групацијата, меѓу кои и од Македонија, ќе имаат уникатна можност да учествуваат во процесот на создавање на еден високо буџетен филм. Почнувајќи од пред-продукцијата, па сè до завршувањето на филмот, корисниците благодарение на производите и услугите на мобилниот интернет на Дојче Телеком ќе можат да креираат елементи од филмот: да предложат локации за снимање, да имаат улога на виртуелни кастинг агенти, да влијаат на изборот на музиката, а дел од нив и да бидат актери во самиот филм, со што ќе помогнат во реализацијата на овој возбудлив проект.

Со реализацијата на овој проект, корисниците на Дојче Телеком од Македонија, Албанија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Германија, Унгарија, Црна Гора, Холандија и Словачка имаат можност да креираат уникатен заеднички филм и да станат дел од неповторлива авантура, што е дел и од бренд филозофијата на Дојче Телеком (ДТ) - „Сподели доживувања“.

Љубителите на филмот од Македонија ќе можат да дознаат повеќе за овој предизвик и да се приклучат на ова креативно патување преку сајтот move-on-film.mk.

Режисерот Асгер ЛетРежисерот Асгер Лет повикува да му се придружите во создавањето на филмот

Сценариото за овој патеписен филм е внимателно креирано од страна на наградуваниот сценарист Мет Гринхалг, со цел да ги поттикне корисниците да можат да се изразат и мислат на креативен начин. Приказната е за патувањето на еден човек низ различни предели на Европа и неговата мисија да испорача еден мистериозен сребрен куфер и да го заштити по секоја цена, со помош од луѓето во секоја земја. Истовремено, режисерот Лет и неговиот тим ќе можат да бидат во контакт со корисниците од цела Европа, а креативните идеи и иницијативи на публиката ќе бидат инкорпорирани во продукцијата која ќе се реализира во 8 земји, а треба да заврши за период од само 30 дена.

„Многу сум возбуден од идејата за вклучување на толку многу луѓе во ова креативно патување. Сметам дека ќе можеме да креираме нешто навистина уникатно и привлечно, и навистина гледам на овој проект како дел од следното поглавје од начинот на кој се создаваат филмовите“, вели Асгер Лет, сценаристот на филмот „Move on“.

„Досега сум играл мистериозни ликови, но идејата да се игра лик на човек кој патува низ Европа не е само иницирана од режисерот, туку претставува вистински предизвик за мене којшто со нетрпение го очекувам“, вели Мадс Микелсен, главниот актер во филмот „Продолжи“.

Во суштина, „Move on“ е приказна за мисијата на еден човек да остане еден чекор понапред од остатокот на светот додека е во движење. Дојче Телеком е еден од најголемите провајдери на производи и услуги за мобилен интернет во Европа, одржувањето на луѓето во контакт е нешто за кое што Дојче Телеком знае многу. Имајќи го во предвид сценариото, техничките и комуникациските барањата за снимање филм на повеќе локации, како и можноста на корисниците да им се овозможи незборавно искуство во правењето на филм, го прави партнерството со Асгер и „Move on” природно и разбирливо.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9467 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.