Девон Виндзор се вери. 24-годишниот модел на Victoria’s Secret доби прекрасно изненадување од партнерот Џони Декс кој ја побара нејзината рака на Бахамите, а запросувањето изгледаше како сцена од романтичен филм.
Имено, на славната манекенка ѝ било кажано дека треба да снима фотосесија на тоа место, а кога пристигнала, не можела да им поверува на сопствените очи. На плажата бил поставен натпис „Омажи се за мене?“, а среќната идна невеста без размислување одговорила „ДА“.
„Кога мислиш дека леташ за да стигнеш на фотосесија и тогаш погледнуваш надолу и го гледаш ова... Тоа беше најубавиот ден во мојот живот и едвај чекам да се омажам за најдобрата личност на целиот универзум! Јас сум најсреќната жена на светот!“ – напиша Девон на Instagram.
Таа сподели и видео во кое го покажува вереничкиот прстен. Парот е во врска две години.