Данијела Мартиновиќ имаше сладок момент на сцената во Штип.
52-годишната хрватска пејачка си доби прегратка и ружа од фан со Даунов синдром за време на нејзиниот концерт на манифестацијата „Пастрмалијада“. Нејзиниот обожавател клекна на колено за да ѝ го подари цветот, а таа силно го прегрна.
Популарната музичарка сподели фотографии и видео на социјалните мрежи.
„Прегратка која не се заборава“ – напиша таа.






Данијела објави и други видеа од Штип и не криеше дека е одушевена од атмосферата за време на настанот. Таа беше облечена во долг фустан од Габријела Канижај, чии креации многу често ги избира.
„Незаборавна вечер преполна со љубов“ – напиша Мартиновиќ.