Анџелина Џоли се трансформираше во легендарната оперска пејачка Марија Калас за биографскиот филм „Maria“.
На првите фотографии, 48-годишната оскаровка изгледа неверојатно облечена во облека како онаа која ја носеше Марија. Дел од костимите носени во филмот ќе бидат оригинални парчиња кои навистина биле дел од плакарот на покојната оперска пејачка.

Снимен според вистински настани, филмот „Maria“ ќе ја раскаже бурната, прекрасна и трагична приказна на Калас и ќе ги прикаже последните денови од нејзиниот живот во Париз.
„Многу сериозно си ја сфаќам обврската кон животот и делото на Марија. Ќе дадам сè што можам за да го пресретнам предизвикот“ – рекла Џоли.

Марија е една од најпопуларните оперски пејачки на сите времиња, која оставила неизбришлива трага врз оперската уметност. Таа почина на 16 септември 1977 година.



Филмот ќе се снима во Париз, Грција, Будимпешта и Милано.