Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Прва фотографија: Мила Јовович ја роди третата ќерка

Прва фотографија: Мила Јовович ја роди третата ќерка

Мила Јовович се породи. 44-годишната актерка донесе на свет здраво девојче.

Првата фотографија од петчленото семејство ја сподели нејзината најголема ќерка, Евер Габо, која напиша: „Ѝ посакувам добредојде на овој свет на мојата нова сестра Оушан. Те сакаме“.

Мила Јовович

Славната актерка со црногорско потекло, чие вистинско име е Милица Богдановна Јовович, е во брак со режисерот Пол Андерсон од 2009 година. Тие се родители и на 4-годишната Дашиел Иден.

Мила Јовович Мила Јовович

Минатата година, Мила сподели дека морала да помине низ итен абортус. Со нејзината сторија, таа се залагаше за правото на жените да имаат достап до безбеден абортус кога имаат потреба од него.

Абортусот е доволно тежок за жените на емоционално ниво, дури и ако не мора да го прават во потенцијално небезбедни и нехигиенски услови. Лично јас морав да поминам низ итен абортус пред две години. Бев бремена четири и пол месеци и снимав филм на локација во Источна Европа. Започнав предвреме да се породувам и ми рекоа дека морам да бидам будна во текот на целата процедура. Тоа беше едно од најужасните искуства низ кои некогаш сум поминала. Сè уште имам кошмари поради тоа. Бев сама и беспомошна.

Кога ќе помислам на фактот дека други жени можеби ќе се соочат со абортуси дури и во полоши услови од мене поради новите закони, стомакот ми се превртува.

Јас западнав во една од најлошите депресии во мојот живот и морав да работам екстремно напорно за да го пронајдам својот излез. Ја ставив мојата кариера на пауза. Се изолирав себеси со месеци и морав да покажувам сила пред моите две неверојатни деца. Започнав да се занимавам со градинарство, да се хранам поздраво и да посетувам фитнес сала секој ден, бидејќи не сакав веднаш да скокнам кон земање антидепресиви пред да ја испробам секоја друга алтернатива.

Фала му на Бога, јас можев да го најдам својот излез од тој личен пекол без да земам лекарства, но сеќавањето од она низ што поминав и она што го изгубив, ќе биде со мене до денот кога ќе умрам. Абортусот е најголемиот кошмар. Ниту една жена не сака да помине низ тоа. Но, ние мораме да се бориме за да ги задржиме нашите права да имаме безбеден абортус доколку ни е потребен. Никогаш не сум сакала да зборувам за ова искуство, но не можам да молчам кога влогот е толку голем.

Мила

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.