Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Празнично расположени: Дејвид Бекам со ќеркичката Харпер на лизгалиште

Празнично расположени: Дејвид Бекам со ќеркичката Харпер на лизгалиште

Дејвид Бекам несомнено им е посветен на децата. Деновиве тој ја одведе ќеркичката Харпер на лизгалиште во Лондон, а нивната слатка дружба измами многу воздишки.

44-годишниот поранешен спортист сподели фотографии, а во описот напиша: „Започнува да личи на Божиќ“. На една од фотографиите, тој ја бакнува 8-годишната Харпер во уста, докажувајќи им на критичарите дека нивните коментари воопшто не допираат до него.

Дејвид Бекам и Харпер Дејвид Бекам и Харпер Дејвид Бекам и Харпер Дејвид Бекам и Харпер

Во минатото, Бекам неколкупати беше критикуван што ја бакнува ќерката на овој начин. Сепак, мнозинството од интернет корисниците застанаа во негова одбрана и го нарекоа неговиот бакнеж нормален. Подоцна, тој откри дека ги бакнувал сите свои четири деца во уста, бидејќи сака да им ја покаже својата љубов.

„Всушност, ме критикуваат што ја бакнувам ќерка ми Харпер во уста... Ги бакнувам сите мои деца во устата. Можеби Бруклин не. Бруклин има 18 години, па може да му биде малку чудно, но јас сум приврзан со децата. Така бев пораснат јас, така беше и Викторија, и сега сакаме така да биде и со нашите деца. Сакаме да им покажеме на нашите деца дека ги сакаме, дека ги штитиме, дека се грижиме за нив и дека ги поддржуваме“ – изјави тој пред неколку години.

Бекам Бекам

Претходно, и Викторија Бекам беше критикувана што ја бакнува Харпер во уста.

Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11139 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.