Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Љупка Димитровска, македонската пејачка која ја освои цела Југославија

Почина Љупка Димитровска, македонската пејачка која ја освои цела Југославија

Замина меѓу музичките легенди Љупка Димитровска. Македонската пејачка, која долги години работеше и живееше во Загреб, почина на 70-годишна возраст.

Љупка Димитровска

Харизматичната ѕвезда го издаде својот прв албум „Љупка“ во 1975 година, а потоа со леснотија нанижа многу хитови меѓу кои „Твоја барка мала“, „Ја га хочу, а он мене нече“, „Адио“, „Нема више љубави“ и „Године нису важне“.

Публиката во Македонија најдобро ја памети по „Ѕвона, ѕвонат“.

„Ѕвона, ѕвонат“

Беше во брак со хрватскиот композитор Никица Калоѓера, чиј потпис стои на повеќето од нејзините најголеми хитови.

Потсетете се на музиката која ја освои цела Југославија:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.