Актерот Тајлер Кристофер го напушти овој свет.
Поранешниот сопруг на Ева Лонгорија издиша за последен пат на 50-годишна возраст. Ѕвездата од „General Hospital“ почина во болница како последица на кардиолошки проблем.


„Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на Тајлер Кристофер. Тајлер почина утрово по кардиолошки настан во неговиот апартман во Сан Диего“ – напиша неговиот колега Морис Бенард на Instagram.
„Тајлер беше навистина талентирана индивидуа... Беше нежна душа и прекрасен пријател за сите оние кои го познаваа. Тајлер се залагаше за подобрување на менталното здравје и отворено зборуваше за борбите со биполарното нарушување и алкохолот“ – додаде тој.


Тајлер беше во брак со Ева од 2002 до 2004 година. Зад себе остави две деца од бракот со поранешната сопруга Бриен Педиго.


