Џери Спрингер ја изгуби битката со ракот на 79 години. Славниот водител на откачената емисија „The Jerry Springer Show“ починал во неговиот дом во близина на Чикаго.

„Тој е незаменлив и неговата загуба боли неизмерно, но спомените за неговите интелект, срце и хумор ќе живеат засекогаш“ – изјавил неговиот претставник за јавноста.
Џери беше еден од највлијателните и контроверзни ТВ лица и цели 27 години го водеше шоуто во кое гостите се пресметуваа и вербално и физички, додека неговата публика скандираше „Џери, Џери, Џери“. Пред да влезе во шоу-бизниот, тој се занимаваше со политика и беше градоначалник на Синсинати.

Според извори на медиумот TMZ, на Џери му бил дијагностициран рак на панкреасот и неговото здравје значително се влошило во изминатиот месец.