Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Мајкл Гамбон, актерот кој го глумеше Дамблдор во филмовите за Хари Потер

Почина Мајкл Гамбон, актерот кој го глумеше Дамблдор во филмовите за Хари Потер

Сер Мајкл Гамбон замина во легендите.

Актерот, кој го глумеше професорот Дамблдор во филмовите за Хари Потер, издиша за последен пат на 82-годишна возраст по боледување од пневмонија.

Мајкл Гамбон Мајкл Гамбон

Гамбон ја започна актерската кариера на театарската сцена во раните 60-ти години, а подоцна премина во филмската индустрија. Тој неретко беше наградуван за својата работа, а во 1999 година, беше одликуван со орденот „Витез“ од кралицата Елизабета II.

Други негови позначајни улоги се во филмовите „The Cook, the Thief, His Wife & Her Lover“ (1989), „The Wings of the Dove“ (1997), „The Insider“ (1999), „Gosford Park“ (2001), „Amazing Grace“ (2006), „The King's Speech“ (2010), „Quartet“ (2012) и „Victoria & Abdul“ (2017).

Мајкл Гамбон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11689 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.