Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина легендарниот македонски актер Мето Јовановски

Почина легендарниот македонски актер Мето Јовановски

Мето Јовановски замина во легендите. Македонскиот актер издиша за последен пат на 77-годишна возраст.

Тажната вест ја објави неговиот колега Драган Спасов-Дац.

„Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“ – напиша Дац и објави негова фотографија.

Во 1971 година заврши Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработи во Драмскиот театар во Скопје. Неговата кариера започна на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапуваше уште пред да се запише на студиите. За многу кратко време, се истакна како еден од водечките драмски уметници кај нас.

„Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Пред Дождот“ и „Најдолгиот пат“ се само дел од неговите најпознати филмски проекти.

Во текот на долгата кариера, се имаше закитено со многу награди, меѓу кои државната награда на Република Македонија награда „Св. Климент Охридски“, Златна клапа во Белград за придонес во филмската уметност, наградата 11 октомври за особено за особено значајни остварувања од областа на уметноста 2001 година, наградата „Петре Прличко“ (2010) и наградата за животно дело Војдан Чернодрински 2015, а четирипати беше лауреат на наградата „Милтон Манаки“ и седумпати беше наградуван на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Мето Јовановски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.