Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина визионерот Стив Џобс

Почина визионерот Стив Џобс

Технолошкиот гениј Стив Џобс, кој долго време се бореше со рак на панкреасот, почина на 56-годишна возраст.

Тажната вест за визионерот кој не се плашеше да го промени светот и успеа да ги донесе iPhone, iPad и iPod во рацете на милиони лојални потрошувачи ја потврди претставник на Apple, а подоцна и неговото семејство.

Стив ЏобсФотографијата од Стив Џобс објавена на почетната страна на сајтот на Apple

„Брилијантноста, страста и енергијата на Стив беа извор на бројни иновации кои го збогатија и подобрија животот на сите нас. Светот е неизмерно подобар поради Стив“ – се вели во соопштението на Apple.

„Apple изгуби визионер и креативен гениј и светот загуби неверојатен човек. Оние од нас кои беа доволно среќни да го познаваат и да работат со Стив изгубија драг пријател и инспиративен ментор. Стив остава зад себе компанија која само тој можеше да ја изгради и неговиот дух вечно ќе биде основа на Apple“ – пишува на сајтот на компанијата.

Стив ЏобсНовиот iPhone 4S, iPad 2 и музички плеери iPod

„Стив почина мирно, опкружен од своето семејство. Во неговиот јавен живот Стив беше познат како визионер, а во неговиот приватен живот тој многу се грижеше за своето семејство. Многу сме им благодарни на многуте луѓе кои ги споделуваа своите желби и молитви за време на последната година од боледувањето на Стив“ – се вели во соопштението на семејството на Џобс.

Стив беше во брак со неговата сопруга Лорен 20 години. Тие имаат еден син и две ќерки. Џобс има и уште една ќерка, Лиса Бренан-Џобс, од поранешна врска.

Веста за смртта на Џобс инстантно го обиколи светот и допре до некои од најмоќните луѓе, кои секогаш ќе имаат неизмерна почит кон Стив како човек и инвентор.

„Навистина сум тажен поради веста за смртта на Стив Џобс. Јас и Мелинда испраќаме искрено сочувство до неговото семејство и пријателите и со сите оние до кои допре Стив преку неговата работа. Ние се сретнавме за првпат пред 30 години и бевме колеги, конкуренти и пријатели во текот на повеќе од половина наши животи. Светот ретко гледа некој што имаше толку силно влијание, чиј ефект ќе го чувствуваат многу идни генерации“ – објавил Бил Гејтс преку соопштение.

„Стив, благодарам што ми беше ментор и пријател. Благодарам што покажа дека она што можеш да го изградиш може да го промени светот. Ќе ми недостигаш“ – објавил Марк Цукерберк.

„Стив Џобс беше најголемиот пронаоѓач по Томас Едисон. Тој го стави светот на врвот на нашите прсти“ – рекол Стивен Спилберг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.