Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина актерот Мустафа Надаревиќ, кој нè смееше во „Луд, збунет, нормален“

Почина актерот Мустафа Надаревиќ, кој нè смееше во „Луд, збунет, нормален“

Почина Мустафа Надаревиќ во 78-мата година од животот. Талентираниот филмски, театарски и телевизиски актер и комичар на почетокот на годината сподели дека му е дијагностициран рак на белите дробови. За жал, денеска ја изгуби битката со болеста.

Во поново време, негов најзапаметлив проект е „Луд, збунет, нормален“ (Lud, zbunjen, normalan), хумористичната серија во која влезе во улогата на Изет Фазлиновиќ.

Мустафа Надаревиќ

Надаревиќ, кој е татко на три деца, е роден во Бања Лука на 2 мај 1943 година за време на Втората светска војна. Поради бомбардирањето на градот, заедно со семејството се пресели во Загреб, каде што го помина најголем дел од животот и каде што издиша за последен пат.

Гимназија завршил во Риека, а дипломирал на Академијата за драмски уметности во Загреб.

Мустафа Надаревиќ

Во својата долгогодишна кариера сними над 70 филма, меѓу кои „Miris dunja“ (1982), „When Father Was Away on Business“ (1985) во режија на Емир Кустурица, „Već viđeno“ (1987), „Glembajevi“ (1988), „Gluvi barut“ (1990), „Savršeni krug“ (1997), „Kod amidže Idriza“ (2004), македонскиот филм „Илузија“ (Mirage) (2004) и „Halimin put“ (2012).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25348 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.