Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот на Гудељ, Севиља, во Лигата на Европа, иако само една недела претходно го изгуби нероденото бебенце.
Немања објави фотографија на која ќерката на Цеца Ражнатовиќ го држи трофејот, а тој ја бакнува на главата.

Претходно и Цеца објави нивна фотографија направена по натпреварот и напиша: „Најубави мои“.


Анастасија и Немања го изгубија нивното бебенце во петтиот месец од бременоста. Тие очекуваа девојче.
Немања победата ја посвети на изгубеното бебенце, а емотивната Анастасија не можеше да си ги задржи солзите во публиката. По трагичниот настан, таа се повлече од јавноста и го избриша својот профил на Instagram.

