Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Посакувам да бевме сите заедно“: Ванеса Брајант отвори писмо од Коби за својот роденден, кој го прослави со трите ќерки

„Посакувам да бевме сите заедно“: Ванеса Брајант отвори писмо од Коби за својот роденден, кој го прослави со трите ќерки

Ванеса Брајант го прослави 38-миот роденден, кој ѝ беше прв роденден по смртта на нејзиниот сопруг Коби и нејзината ќерка Џиана.

На Instagram, таа сподели дека еден ден пред претходно пронашла неотворено писмо од Коби, кое го зачувала за нејзиниот специјален ден.

„Вчера најдов плик адресиран до: Љубовта на мојот живот. Чекав да отворам уште едно писмо на мојот роденден. Иронијата е што Коби имаше поставено фотографија од мене на која бев насликана како ме држи ангел.“

„Ми недостига љубовта на мојот живот и мојата слатка мала Мамасита. Благодарна сум што се разбудив покрај моите 3 слатки девојчиња денес. Посакувам да бевме сите заедно“ – напиша таа.

Ванеса Брајант

Ванеса сподели уште две фотографии со нејзините ќерки. На фотографија од ќеркичката Капри, таа напиша: „Капри изгледа исто како татко си (во облека од Џиџи)“.

Ванеса Брајант Ванеса Брајант

Ванеса и Коби беа во брак од 2001 година. Коби и нивната ќерка Џиџи ги загубија своите животи во хеликоптерска несреќа во јануари оваа година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.