Џеј Зи ја имаше најубавата придружба на кошаркарскиот натпревар меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс. Во првиот ред, покрај кошаркарскиот терен, 50-годишниот рапер седеше заедно со својата ќеркичка Блу Ајви.
8-годишното девојче уживаше во прегратката на татко си додека го следеше мечот. Фановите на Бијонсе се категорични дека Блу Ајви е нејзина копија.
По натпреварот, Блу Ајви се запозна со некои од кошаркарите.