Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Повторно заедно: „Spice Girls“ танцуваа и се забавуваа на 50-от роденден на Џери Халивел

Повторно заедно: „Spice Girls“ танцуваа и се забавуваа на 50-от роденден на Џери Халивел

„Spice Girls“ повторно се обединија за да го прослават 50-от роденден на Џери Халивел на забава во нејзината вила.

Џери, Викторија Бекам, Мелани Чизом и Ема Бантон заедно танцуваа на хитот „Say You`ll be There“ од 1996 година, а видео од овој момент сподели Дејвид Бекам на Instagram.

Пријателство за цел живот“ – напиша Дејвид во описот на видеото. Иако не присуствуваше на забавата, тој ја означи и Мелани Браун и напиша дека им недостигаше нејзиното присуство.

Викторија, Мелани и Ема беа облечени во стилот на „Spice Girls“.

Spice Girls Spice Girls Spice Girls Spice Girls

Овој јубилеен роденден Халивел го прослави во август, но големата забава одлучи да ја направи сега, во ноември.

„Spice Girls“ беше планетарно позната музичка женска група активна од 1994 до 2000 година. Девојките издадоа 3 студиски албуми и го снимија комичниот мјузикл „Spice World“ (1997). Според основачот на „Златна малина“ тој спаѓа во еден од 100-те најлоши забавни филмови кои некогаш се снимени.

„Spice Girls“ се обединија во 2019 година за светска турнеја, но без Викторија, која имаше други работни обврски.

Spice Girls Spice Girls

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12000 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.