Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разделија. 36-годишната пејачка сподели дека се разведува од 48-годишниот музичар и бизнисмен со порака на Instagram.
Драги мои, поради љубовта и поддршката со кои ме опсипувате во текот на целата моја кариера, имам желба и потреба секогаш со вас да бидам искрена – и кога споделувам убави нешта, но и кога се во прашање оние помалку убави делови од животот, низ кои, за жал, сите некогаш поминуваме.
Затоа сакам да го дознаете од мене и ова: По 14 години заеднички живот и 10 години брак, Мустафа и јас донесовме одлука да се разделиме. Таа одлука не ни беше лесна, ниту беше донесена нагло, но беше заемна, затоа што низ долги и отворени разговори заклучивме дека нашата љубов, која беше голема и искрена, со годините згаснала.
Иако нашите животи ги продолжуваме разделени, јас на Мустафа секогаш ќе му бидам најискрен пријател и поддршка во животот, а сигурна сум дека и тој ќе ми биде мене.
Наша најважна мисија е да останеме добри родители на нашите прекрасни синови, Јаман и Јавуз, и во таа мисија сме обединети и од тој пат нема да дозволиме никој да не помести.
Ова е прв и единствен пат да зборувам по овој повод, затоа и не сакав да читате нагодувања по медиумите на оваа тема, туку да ви кажам директно јас.
Ве сака вашата Емина
Емина и Мустафа стапија во брак на 13 јануари 2008 година.


Тие се родители на 9-годишниот Јаман и 6-годишниот Јавуз.




