Хафтор Бјорнсон и неговата сопруга Келси доживеја огромна загуба. Парот, кој привлекува големо внимание со изгледот, објави дека го изгуби бебето кое се роди мртво во 21. недела од бременоста.
Тажните родители објавија фотографии на социјалните мрежи заедно со порака за изгубената ќеркичка.

„Со огромна тага го најавуваме раѓањето на нашата ќерка, Грејс Морган, родена на 8 ноември во 21-вата гестациска недела.“
„Откако почувствуваме намалување на движењето, откивме дека нејзиното срце престана да чука. Тагата за нашата загуба не може да се опише со зборови, ниту пак среќата што можевме да поминеме време со нашата ќерка. Љубовта која ја чувствуваме за неа е преголема. Болката и тагата ќе бидат со нас засекогаш, но ќе биде и љубовта. Цела надеж и соништа за неа ни беа одземени, но знам дека повторно ќе бидеме заедно. Нејзиниот дух ќе продолжи да живее преку нејзините брат и сестра. Ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност и ви благодариме за сите љубезни зборови и поддршката“ – стои во објавата на парот.


Хафтор и Келси заедно имаат 3-годишно синче, а тој има уште една ќерка од претходна врска.
Бјорнсон ја има титулата „Најсилниот маж на светот“, а најмногу се прослави со улогата на „Планината“ во хит-серијата „Game of Thrones“.







