Пирс Броснан вчера наполни 70 години.
Ѕвездата од филмовите за Џејмс Бонд го помина својот специјален ден во друштво на сопругата Кили Смит и мајка си. Пред да влезат во автомобилот, Пирс ја бакна својата сакана, со која е оженет повеќе од две децении и чиј брак е еден од најстабилните во Холивуд.




Викендов, Пирс имаше изложба на своите уметнички дела, насловена „So Many Dreams“.
„Сликам од 1987 година и ми делува многу терапевтски. Сликањето ми помогна да го пронајдам мојот пат во животот. Кога и да чувствувам огорченост, се насочувам кон платното. Ми носи утеха и радост“ – рекол тој во интервју и додал дека неговата сопруга била таа што го натерала да ја покаже својата уметност пред светот.



Пирс и Кили се запознаа во Мексико во 1994 година, 3 години по смртта на неговата прва сопруга, која почина од рак на јајчниците. Тие стапија во брак во 2001 година и заедно имаат две деца.



