Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пинк сподели дека била позитивна на коронавирус, се излекувала и донира 1 милион долари за борбата со КОВИД-19

Пинк сподели дека била позитивна на коронавирус, се излекувала и донира 1 милион долари за борбата со КОВИД-19

Пинк соопшти дека пред две недели се тестирала за коронавирус заедно со помалиот син и дека била позитивна. За среќа, по двонеделна изолација, повторното тестирање дало негативен резултат.

Пинк

„Пред 2 недели, јас и мојот 3-годишен син Џејмисон имавме симптоми на КОВИД-19. За среќа, нашиот лекар имаше пристап до тестови и мојот тест се покажа позитивен. Моето семејство и претходно седеше дома и продолживме да го правиме тоа во изминативе две недели по инструкции на нашиот доктор. Пред неколку дена, повторно се тестиравме и за среќа, негативни се“ – напиша Пинк и испрати критика до власта што тестирањето не е масовно и не секој има можност да се тестира.

„Оваа болест е сериозна и реална. Луѓето мора да разберат дека болеста ги засега младите и старите, здравите и нездравите, богатите и сиромашните и мора да го направиме тестирањето да биде бесплатно и достапно за да ги заштитиме нашите деца, нашите семејства и нашите заедници“ – продолжува таа.

Славната музичарка објави дека за да ја помогне борбата против коронавирусот, донира еден милион долари во две установи, од кои една е болница во која мајка ѝ работела 18 години.

„ИМ БЛАГОДАРАМ на сите здравствени работници и сите во светот кои работат напорно за да ги заштитат нашите сакани. Вие сте нашите херои! Следните две недели се круцијални: ве молам седете дома. Ве молам. Останете. Дома“ – завршува таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.