Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пинк искрено проговори: На 17 години имав спонтан абортус, а оттогаш и уште неколку други

Пинк искрено проговори: На 17 години имав спонтан абортус, а оттогаш и уште неколку други

Денес е горда мајка на две дечиња, но Пинк во минатото имала неколку неуспешни бремености. Популарната пејачка отворено проговори за емотивните последици од преживеаните спонтани абортуси поради кои го мразела своето тело.

Откако ја започна новата песна „Happy“ со: „Уште од времето кога имав 17 години, отсекогаш си го мразев телото / и имам чувство дека моето тело ме мразеше мене“, таа даде појаснување за инспирацијата зад стиховите.

Пинк

„Причината поради која го реков тоа е што секогаш сум имала машкуданско, многу силно гимнастичко тело, но всушност на 17 години имав спонтан абортус, а сакав да го родам тоа дете. Но, кога тоа ќе ѝ се случи на една жена или млада девојка, се чувствуваш како телото да те мрази и како да е скршено и како да не го прави она што треба. Оттогаш имав уште неколку спонтани абортуси, па мислам дека е важно да се зборува за она од што се срамиш, за тоа кој си ти и за проблемите кои предизвикуваат болка“ – рече таа во интервју за USA Today.

Пинк сподели и дека на 22-годишна возраст започнала со терапија, дека сè уште работи со истата психотерапевтка, честопати и заедно со својот сопруг Кери Харт.

Пинк

„Сум била во депресија, имам анксиозност, премногу размислувам за сè, но ги чувам вистинските луѓе околу себе и одам на терапија. Со Кери одиме на советувања за парови речиси 17 години колку што сме заедно и тоа е единствената причина што ние сè уште сме заедно. Тој зборува полски, јас италијански, а таа (психотерапевтката) ги зборува и двата јазици. Ние не зборуваме на ист јазик. Доаѓаме од распаднати семејства, па немавме модел како да го одржиме ова семејство и да го живееме овој луд живот. Не постои книга која ти кажува што треба да правиш. Па, одиме на советување и тоа функционира“ – признава таа.

Пинк и Кери се заедно од 2002 година. Во 2006 година стапија во брак, но две години подоцна објавија дека се разделија. По една година пауза, тие ги изненадија фановите со објава дека повторно се заедно. Имаат две деца – ќеркичката Вилоу и синчето Џејмисон.

Пинк Пинк

Happy

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.