Сиа откри своја голема тајна. Пејачката, која го крие своето лице со перики, сподели со јавноста дека е во аутистичниот спектар.
За време на гостувањето во „Rob Has a Podcast”, Сиа изјави: „Јас сум во спектарот и се опоравувам или што и да е. Има многу работи“.


„Никој не може да те знае и да те сака кога си полн со тајни и живееш со срам. Дури кога ќе седнеме во соба полна со непознати лица и ќе им ги кажеме нашите најдлабоки, најтемни, најсрамни тајни и сите ќе се насмеат со нас, а ние за првпат во животот нема да се чувствуваме како ѓубре, туку ќе бидеме вистински видени, тогаш можеме да зачекориме во светот и да започнеме да функционираме како луѓе со срца без да се преправаме дека сме нешто друго“ – дополнува таа.
Според изјавите, се претпоставува дека 47-годишната австралиска музичарка пред две години ја доби оваа дијагноза.
„45 години си велев ‘Мора да го ставам мојот човечки костум’ и само во изминатите две години јас станав вистинската јас“ – откри Сиа.
Видео:
Пред две години, Сиа режираше мјузикл во кој Меди Зиглер глумеше тинејџерка со аутизам и доби критики. Меди е девојката која се прослави со танцувањето во нејзините спотови и не се наоѓа во аутистичниот спектар.

Сиа се омажи минатиот месец со својот партнер Ден Бернард на церемонија во Италија. Таа посвои две момчиња во 2019 година.


