Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пенелопе Круз роди девојче

Пенелопе Круз роди девојче

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем добија ќерка. 39-годишната актерка се породила вчера во болница во Мадрид.

Сè уште нема информации за името на малото девојче.

Хавиер и Пенелопе

Само пред неколку дена бремената Пенелопе беше фотографирана на концерт во Мардид, заедно со својот сопруг.

Хавиер и ПенелопеХавиер и Пенелопе неколку дена пред породувањето Пенелопе

Славниот пар, кој стапи во брак во 2010 година, пред две години го доби првото дете, синот Леонардо.

Двајцата популарни актери секогаш го чувале приватниот живот подалеку од медиумите. „Сакам мојот син и моите деца, ако имам уште, да живеат колку што е можно поанонимно. Фактот што јас и неговиот татко избравме да го работиме ова што го работиме никому не му дава право да ја нарушува нашата приватност“ – изјавила Круз.

Во мај годинава се породи и сестрата на Пенелопе, Моника Круз, која исто така роди девојче. Моника откри дека одлучила да стане мајка со помош на донатор на спрема, бидејќи се плашела дека нема да го сретне вистинскиот човек за да има дете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11527 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.