Пенелопе Круз и Салма Хајек заедно присуствуваа на доделувањето на наградите на списанието WSJ.
На свеченоста, која се одржа во Њујорк, славните пријателки позираа фатени за раце и прегрнати.
50-годишната Пенелопе буквално блескаше во сјајна креација со шлиц и отворено деколте од Долче и Габана, додека 58-годишната Салма избра црвен фустан, кој ги оцрта нејзините облини.





Списанието WSJ на Хајек ѝ ја додели наградата „Innovator Award for Entertainment & Altruism“.

