Хафтор Бјорнсон, кој го глуми „Планината“ во „Game of Thrones“, присуствуваше на премиерата на последната сезона од серијата во Њујорк.
30-годишниот актер, кој е познат и како „Најсилниот маж на светот“, се појави на свеченоста во придружба на сопругата Келси, а драстичната разлика во нивниот изглед, како и секогаш, привлече големо внимание.





Хафтор и Педро Паскал, кој го глумеше Оберин, позираа шеговито пред фоторепортерите.



Хафтор е фитнес фанатик, а во секојдневните тренинзи него честопати му се придружува и Келси.
По едногодишна врска, Хафтор и Келси стапија во брак во октомври минатата година.
