Парис Хилтон се израдува на роденденско изненадување кое ќе го памети засекогаш. Познатата реалити ѕвезда доби предлог за брак додека пристигнуваше на забавата за својот 40-ти роденден, а без двоумење одговори „ДА“.
Хилтон и Картер Реум се заедно нешто повеќе од една година. Романтичниот предлог бил испланиран да се случи на зајдисонце на плажа на приватен остров.
„Кога ќе ја пронајдеш својата сродна душа, не само што го знаеш тоа, туку и го чувствуваш“ – напиша Хилтон во описот на Instagram.









Парис позираше и со сестра си Ники и братот Барон.








