Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Пабло“ од „Млади бунтовници“ и неговата сакана споделија слатки фотографии со малата ќерка

„Пабло“ од „Млади бунтовници“ и неговата сакана споделија слатки фотографии со малата ќерка

Бенхамин Рохас и Мартина Санчез несомнено уживаат во улогата на родители.

33-годишниот актер и неговата сакана објавија слатки семејни фотографии на кои позираат со малата ќеркичка Рита.

Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас

Фотографиите се направени во домот на пријател на Рохас.

Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас

Парот ја доби својата ќерка пред Нова година, но среќната вест ја објави на 4 јануари, бидејќи бебето морало да помине одредено време во одделот за неонатологија.

„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа... Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божиќ и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите“ – напиша тој во описот на првата фотографија со ќерката.

Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас

Бенхамин и Мартина се во врска 7 години.

Бенхамин кај нас е познат по улогата на Пабло во хит-серијата „Млади бунтовници“.

Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11106 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.