Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Оскаровецот Питер Бижу награден на „Браќа Манаки“, ги фотографираше Сашко Коцев и Јелена Јованова

Оскаровецот Питер Бижу награден на „Браќа Манаки“, ги фотографираше Сашко Коцев и Јелена Јованова

Наградата „Златна камера 300 за животен опус“ оваа година отиде во рацете на Питер Бижу.

Британскиот кинематографер ја прими статуетката на свеченото отворање на 44-тото издание на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Успешниот Оскаровец стоеше зад камерата на многу познати филмови, меѓу кои и „Мисисипи гори“, „Трумановото шоу“, „Во името на таткото“, „Штета“, „Пинк Флојд: Sидот“, „Животот на Брајан“, „Временски бандит“, „9 ½ недели“ и „Ричард III“.

Питер Бижу Питер Бижу

Водителите на синоќешната манифестација Сашко Коцев и Јелена Јованова го замолија врвниот директор на фотографија да им направи заедничка фотографија. „Можеби не сме снимале со Оскаровец, но Оскаровец нè сликаше“ - се пошегуваа македонските актери.

Бижу беше дочекан со громогласен аплауз во преполната сала во Центарот за култура во Битола.

Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу

Наградата нему му беше доделена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. „Признанието од Фестивалот 'Браќа Манаки' е многу значајно за мене. Ви благодарам многу“ - изјави Бижу на сцената.

Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу Питер Бижу

Бижу има работено со бројни звучни режисерски имиња од светот на филмот како Алан Паркер, со кого се закитија со Оскар во 1988. за драмата „Мисисипи гори“ со актерскиот тандем Џин Хекман и Вилем Дефо, а со Џим Шеридан, Питер Вир и Луј Мал ги снимија антологиските филмови „Во името на таткото“ со Дениел Деј Луис, „Трумановото шоу“ со Џим Кери и „Штета“ со Џереми Ајронс и Жилиет Бинош.

Тандемската соработка меѓу Бижу и Паркер започна во 1976. година со филмот „Багзи Мелоун“, кога беше лансиран талентот на подоцнежната актерска sвезда Џоди Фостер, а заедно работеа и на антологиското дело од 1982. „Пинк Флојд: Sидот“.

Во плодната кариера на Бижу специфична е соработката и со прославената актерско-сценаристичко-режисерка група Монти Пајтон со чиј култен режисер Тери Гилијам во 1979. Бижу го сними „Животот на Брајан“, бурлескна комедија / пародија за животот на Исус од Назарет, а во 1981. „Временски бандити“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.