Семејството на Мајкл Фелпс се прошири со уште еден член.
38-годишниот легендарен олимписки пливач и неговата сопруга Никол споделија дека добија четврто синче. Парот ја објави првата фотографија со бебенцето на Instagram.
„Му посакуваме добредојде на овој свет на Нико Мајкл Фелпс. Роден на 16 јануари. Благословени сме што добивме четврто дете. Сега сме 6-члено семејство“ – напиша парот во објавата.




Фелпс е најуспешниот и најтрофејниот олимпиец на сите времиња со 28 медали. Тој го држи рекордот за најмногу златни олимписки медали (23).

Во 2016 година, тој тајно се ожени со Никол Џонсон, која е поранешна Мис Калифорнија, а истата година се роди и нивното прво синче. Парот го доби вториот син Бекет во февруари 2018 година, а третиот син Маверик се роди во 2019 година.



