По подолго отсуство од медиумската сцена, Адел застана под рефлекторите. Славната пејачка за првпат се појави пред камери откако драстично си го промени изгледот.
Талентираната музичарка беше водителка на „Saturday Night Live“, а во воведниот монолог се пошегува за големото слабеење.

„Знам дека изгледам навистина, навистина поразлично од последниот пат кога ме видовте. Но, поради рестрикциите со Ковид и ограничувањата за патување, морав да патувам со лесен багаж и донесов само половина од себе. А ова е половината која ја избрав“ – рече таа на огромна радост на публиката.

32-годишната музичарка сними и неколку скечови во кои сподели дека нејзиниот нов албум не е финиширан.








Адел беше музичка гостинка во американското шоу во 2008 година.


