По раѓањето на третото дете, Адријана Лима добива многу коментари онлајн за промените во нејзиниот изглед.
Во почетокот, коментарите беа насочени кон покачувањето на нејзината телесна тежина, а сега атрактивната манекенка стана мета на критики кои се однесуваат на нејзиното лице.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret присуствуваше на премиерата на „The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes“ во Лос Анџелес. На настанот, таа изгледаше одлично во црно-црвена комбинација и впечатлива шминка.


„Што ли си направи на лицето??? И зошто? Совршена беше претходно“, „Има направено нешто на лицето. Ботокс, филери. Не е иста како претходно“ и „Што си направи на твоето прекрасно лице? Изгледа поразлично“ – се дел од коментарите по нејзиното појавување.
Адријана не остана рамнодушна на ваквите зборови и објави фотографија без шминка, заедно со порака.
„Ова е лице на уморна мајка на една тинејџерка, две деца во предтинејџерски години, едно активно момче и едногодишно дете кое учи да оди и три кучиња. Благодарам за загриженоста“ – напиша Лима.


Славната Бразилка ретко објавува фотографии со своите деца. Таа и Андре минатата година го добија првото заедничко дете, синчето Сајен. Неодамна, таа објави фотографија од патување со синчето на која изгледа навистина уморно.

Лима и Андре имаат пет деца. Таа е мајка на две ќерки од бракот со Марко Јариќ, а Андре е татко на уште две деца од претходна врска.

