Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Објавена е фотографија од починатата Витни Хјустон во ковчегот

Објавена е фотографија од починатата Витни Хјустон во ковчегот

„Витни: Последната фотографија“ – овие зборови се најдоа на морбидната насловна страна на американскиот таблоид National Enquirer, а покрај нив стои фотографија од телото на Витни во отворен ковчег.

Фотографијата е сликана во погребен центар во Њу Џерси, каде што нејзиното семејство си го кажа последното збогум со незаменливата дива.

Морбидната насловна на National EnquirerМорбидната насловна на National Enquirer

Ако сакате да ја погледнете јасната фотографија, кликнете на линков:
Витни Хјустон во ковчегот

Американскиот таблоид тврди дека Витни на себе имала накит вреден 500.000 долари и златни обувки, а била погребана во својот омилен виолетов фустан.

National Enquirer не откри кој ја сликал невкусната фотографија и за колку пари успеале да ја добијат. Во просторијата со ковчегот на Витни не биле поканети новинари, а пристап имале само најблиските, па прашањето кое сите си го поставуваат е кој ја изгубил човечноста за пари.

Обожавателите на легендарната пејачка се бесни што медиумите не ја оставаат Витни да почива во мир, ниту по нејзината смрт. Нивната лутина најмногу ја изразија на друштвените мрежи каде што остро е критикувана постапката на National Enquirer.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10510 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.