Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Новата колекција чанти од Кејт Мос и Longchamp

Новата колекција чанти од Кејт Мос и Longchamp

Супермоделот Кејт Мос ја дизајнираше својата прва колекција чанти за францускиот луксузен бренд Longchamp. Колекцијата беше промовирана во Париз во хотелот The Ritz пред 700 гости.

Новата колекција е составена од класични чанти, чиј изглед е збогатен со елементи од рок стилот. Црно-белата зебраста шара е заштитен знак на колекцијата. Повеќето чанти се надополнети со шарпа со зебраста шара.

За создавањето на колекцијата Кејт работела со креативниот директор на Longchamp, Sophie Delafontaine, а се опфатени неколку теми: Rock'n'Casual, Rock'n'Travel и Rock'n'Glam.

Кејт Мос е заштитно лице на Longchamp веќе подолго време, но ова е првата нивна соработка од ваков тип. Новата колекција ќе биде пуштена во продажба на 11 февруари.

Чанти дизајнирани од Кејт Мос
Чанти дизајнирани од Кејт Мос Чанти дизајнирани од Кејт Мос
Чанти дизајнирани од Кејт Мос Чанти дизајнирани од Кејт Мос

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.