Новак Ѓоковиќ во моментов престојува во Париз, каде се натпреварува на Ролан Гарос.
Неговите две деца Тара и Стефан одлетаа од Србија во Франција за да го поддржат татко им на мечот против Хуан Пабло Вариљас и да поминат време со него. И покрај краткиот престој во градот на светлината, триото успеа да посети фудбалски натпревар на ПСЖ и да се сретне со Лионел Меси, Нејмар и Мбапе.
Српскиот тенисер, 5-годишното девојче и 8-годишното момче од трибините го следеа натпреварот помеѓу ПСЖ и Клермон. Слатката Тара го прегрнуваше татко си, а тој ѝ подари бакнеж на главата.












На Instagram профилот на Ролан Гарос беше објавено видео на кое Тара со топла прегратка го пречекува Ноле во Париз.


