Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Нов холивудски развод: Ана Фарис и Крис Прат се разделија по осум години брак

Нов холивудски развод: Ана Фарис и Крис Прат се разделија по осум години брак

Ана Фарис и Крис Прат се разведуваат. Холивудскиот пар објави дека се разделува по осум години брачен живот.

Ана и Крис

Веста ја соопштија актерите преку заедничко соопштение на Facebook: „Ана и јас со тага соопштуваме дека законски се разделуваме. Се трудевме долго време и навистина сме разочарани. Нашиот син има два родители кои го сакаат многу и за негово добро, сакаме да ја одржиме оваа ситуација колку што е можно поприватна. Ние сè уште имаме љубов еден за друг, секогаш ќе го цениме времето поминато заедно и ќе продолжиме длабоко да се почитуваме еден со друг“ – стои во соопштението објавено на Facebook профилот на Прат.

Ана и Крис

38-годишниот актер и 40-годишната ѕвезда од филмовите „Scary Movie“ се запознаа на снимањето на „Take Me Home Tonight“, а стапија во брак на 9 јули 2009 година. Нивното синче Џек се роди во 2012 година.

Ана и Крис Ана и Крис Ана и Крис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11071 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.