Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Николас Кејџ уапсен за домашно насилство

Николас Кејџ уапсен за домашно насилство

Николас Кејџ денес бил уапсен во Њу Орлеанс под обвинување за домашно насилство и нарушување на мирот.

47-годишниот актер сè уште се наоѓа во притвор, пишува TMZ.

Алис Ким и Николас КејџАлис Ким и Николас Кејџ

Според извори запознаени со случајот, Николас бил многу пијан на улица и се расправал гласно со неговата сопруга, Алис Ким. Полицијата ја повикал таксист кој го видел Кејџ како ја турка Алис.

Кога пристигнале, полицајците им рекле на Алис и Кејџ да влезат дома. Но, Кејџ ги предизвикувал со зборовите: „Зошто едноставно не ме уапсите?“. Полициските службеници уште еднаш го замолиле да влезе дома, но тој повторно им го повторил истото. Па, немајќи друг избор, тие го уапсиле.

Алис Ким е трета сопруга на Кејџ, а со неа холивудскиот актер има 5-годишен син. Таа не сака да поднесе обвинување против Кејџ и изјавила дека немало физички контакт.

Ова не е прв пат Кејџ да има проблеми со законот. Во 2009 година тој затаил повеќе од 6 милиони долари данок и го тужеше својот финансиски менаџер за лоши финансиски совети.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.