Невозможно е срцето да не ви заигра кога во групниот чет ќе прочитате „Девојки, време е! Заминуваме?“. И веднаш замислувате:
🌴 спонтани кикотења на плажа
🍹 коктели во рака
🌙 разговори до доцна во ноќта
Женски патувања = мали триумфи
Женските патувања не се само бегство, тие се мали триумфи и доказ дека секогаш можеме да си дозволиме неколку дена само за себе, далеку од рокови, задачи и бескрајни обврски за кои се залажуваме со „само уште ова и готово“.
A eуфоријата пред патувањето со пријателки е специјално доживување. Четот гори, куферите се веќе во главата спакувани, а вие слатко се смеете на дилемата дали ви требаат три пара штикли за три дена.

Магијата почнува уште на аеродром
Има нешто ослободувачко и исцелувачко во тоа да се качите на авион во удобни патики, со фризура од типот „ќе ја скоцкам кога ќе стигнеме“ и со чувство дека целиот свет ви е под нозете, и тоа буквално. На тие летови не носите само багаж, туку и:
- копнеж по непланирани авантури
- исчекување на тотална релаксација
- желба за зајакнување на пријателската поврзаност
Ваквите патувања не се само забава и одмор, туку физички и ментален рестарт. Во авионскиот прозорец се огледува не само небото, туку и вие, како жена која одлучила да си подари моменти на спонтаност и луксуз да не прави ништо освен да биде присутна. Без строги планови, без одговорности, без чувство на вина. Знаете дека започнуваат денови кога косата се суши сама, кога се носат фустани кои се развејуваат со секој чекор и кога се чувствувате лесни како пердув.

Дестинациите се сцена, вие сте ѕвездите
Шармантната Барселона, ориенталниот Истанбул, азурниот Лисабон... Местата што ги посетувате се само сцена, а вистинското патување се случува во зборовите што ќе си ги кажете, во поддршката што ќе си ја дадете, во слободата да бидете СВОИ меѓу оние што ве познаваат до коска. Со нив, смеата е почиста, тишината поудобна, секоја приказна подлабока, секоја песна погласна, а животот е поедноставен.
Најубавото е што не мора сè да биде совршено испланирано. Доволно е да се најдат три или четири жени со иста вибрација, желни да креираат скапоцени спомени.

Животот е премногу краток...
...за да ги гледате зајдисонцата од истата тераса. Летото е совршена позадина за женска магија – сè е побавно, понежно, поприфатливо.
Затоа:
📍 Спакувајте го пасошот
📍 Земете го доброто расположение
📍 Напишете во четот: „Ајде, веќе резервирав.“
И кога ќе се враќате дома, поспани од авантурата, со експандирани срца, полни со ситни сувенири и телефони преплавени со фотографии, ќе знаете дека тоа не беше само патување, туку и потсетник дека сè уште знаете да живеете со полни гради, дека пријателството има свои крила и дека некаде над облаците, сте си го вратиле она чувство што одамна сте го заборавиле, односно дека светот ви е на дланка.
На секој чекор, во секоја авантура, Mastercard World Contactless кредитната картичката на Халкбанк ви дава флексибилност да ги следите соништата. Со самото врачување на картичката вие станувате дел од програмата Lounge Key во над 1.400 Аеродроми низ целиот свет кои ги уживате како сопственик на картичката заедно со уште една личност по ваш избор.
Истовремено добивате можност за:
- Повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје.
- 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
- Плаќање на рати без камата и собирање бонус поени.
- Станувате дел од Mastercard Platinum клубот каде имате можност да ги користите сите привилегии и бенефиции.
