Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џони Деп ќе го спасува Николас Кејџ од банкрот

Џони Деп ќе го спасува Николас Кејџ од банкрот

Џони Деп

Џони Деп бил шокиран кога разбрал дека неговиот колега Николас Кејџ западнал во тешки финансиски проблеми и е подготвен да направи сè што може за да му помогне.

„Деп му се јави на Николас и му кажа да не се грижи, дека ќе му помогне да средат сè. Џони чувствува дека му ја должи својата кариера на Николас и сега сака да му се отплати. Се разбира, ако се согласи Кејџ. Деп никогаш не заборави што направи Кејџ за него.“ – пишува Daily Express, потпирајќи се на изјава на анонимен извор.

Николас се запозна со ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ пред 20 години, кога Деп беше неуспешен музичар. Тој воспостави контакт помеѓу Деп и неговиот агент и точно тоа му ја донесе на Џони улогата во филмот „Кошмар во улицата на Брестовите“.

Николас Кејџ моментално е во лоша положба. Тој должи повеќе од 6 милиони долари за данок и го тужи својот финансиски менаџер за лоши финансиски совети.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11162 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.