Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Левин: „Кејџ е виновен за својот банкрот“

Левин: „Кејџ е виновен за својот банкрот“

Николас Кејџ

Неконтролираното трошење го доведе Николас Кејџ до финансиска пропаст – обвинува во своја одбрана бившиот финансиски менаџер на познатиот холивудски актер.

Во документите, кои менаџерот Семјуел Џ. Левин ги поднел во судот во Лос Анџелес, Кејџ е опишан како неконтролиран трошач со прелуксузен начин на живот. Во текст од 12 страни Левин ја образложува својата одбрана и открива како ѕвездата на Холивуд успеа да потроши огромно богатство.

Уште пред Левин да стапи на должност во 2001г., Николас Кејџ имал потрошено десетици милиони долари кои ги заработил како филмска ѕвезда и имал неколку милиони неплатени даноци.

Левин му кажал на познатиот актер дека ако сака да продолжи со луксузен живот треба да заработува по 30 милиони долари годишно. Исто така го советувал да продаде дел од многубројните автомобили кои ги поседува и колекцијата од стрипови вредна 1.6 милиони долари.

Но, спротивно на советите на неговиот менаџер Кејџ започнал „епично трошење“. Според Левин, во 2007г. легендарниот актер купил 3 нови куќи на вкупна цена од 33 милиони долари, 22 автомобили, 12 парчиња скапоцен накит и 47 уметнички дела. До 2008г. Николас Кејџ поседувал 15 огромни имоти низ целиот свет, 4 јахти и остров на Бахамите.

Спротивно на изјавите на Кејџ, Левин тврди дека актерот знаел сè за финансиската состојба во која се наоѓа.

Николас Кејџ го тужи својот менаџер за лоши финансиски совети и бара оштета од 20 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.