Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Никол Ричи и Џоел Меден стапија во брак

Никол Ричи и Џоел Меден стапија во брак

Никол Ричи и Џоел Меден вчера го кажаа судбоносното „да“ на интимна церемонија која се одржа на имотот на славниот татко на невестата, Лајонел Ричи.

Оваа свадба и не беше некое изненадување. Сите очекуваа да се случи и многу порано, затоа што Никол и Џоел се заедно веќе 4 години и имаат две деца, Харлоу и Спероу.

Никол Ричи, Џоел Меден и двете нивни децаНикол Ричи, Џоел Меден и нивните две деца

Свадбената церемонија се одржала под два големи шатори поставени на имотот на Лајонел Ричи во Беверли Хилс, а присуствувале 130 гости. Според анонимни извори, свадбата била екстравагантна, но сепак интимна и зрачела стар холивудски гламур.

На свадбата присуствувале многу славни гости меѓу кои Гвен Стефани со својот сопруг, Саманта Ронсон, Крис Џенер и Квинси Џонс. Најверојатно кум на свадбата бил Бенџи Меден, близнакот на младоженецот.

Никол носела рачно изработена венчаница на Marchesa која чинела 20 000 долари, а бурмите биле изработени од Нил Лејн, кој го создал и свршеничкиот прстен на Никол.

Никол и Џоел ја започнаа врската во 2006г., а во февруари оваа година ја објавија и својата свршувачка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11401 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.